Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, Луис Суарез го официјализираше трансферот во Национал.

Откако вчера тој објави дека постигнал договор со уругвајскиот клуб, Национал денеска го официјализираше неговото доаѓање.

Среќни сме што повторно те гледаме во најубавиот дрес на светот. Драго ни е што си дома, напишаа од клубот. Суарез потпиша петмесечен договор со клубот во кој своето професионално деби го направи во 2005 година.

Сега е официјално! Горд сум што повторно го носам дресот на Национал. Ви благодарим на сите за поддршката! Се гледаме наскоро, напиша Суарез. Претходно, тој настапуваше за Атлетико, Барселона, Ливерпул, Ајакс, Гронинген.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2022 19:01