Во рамки на Светското првенство за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје во период од 30 јули до 10 август, во хотелот „Хилтон“ денеска (28.7.2022) се одржа средба помеѓу раководството на Ракометната федерација на Македонија и ИХФ номинираните лица.

За време на СП ќе бидат присутни 96 номинирани лица од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), судии, делегати, супервизори и претставници од канцеларијата на Светска Ракометна Федерација (IHF), кои што ќе работат во рамки на Мундијалот во Скопје.

Ракометниот Мундијал за кадетки започнува на 30 јули, каде ќе учествуваат 32 национални репрезентации.

Македонија предводена од селекторот Љубомир Савевски ќе игра во групата „Б“ каде противници ни се Иран, Сенегал и Узбекистан.

Распоред и термини на натпревари:

30.07 – Македонија – Сенегал – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски”

31.07 – Македонија – Узбекистан – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски”

02.08 – Македонија – Иран – 20:30 ч. СЦ „Борис Трајковски”



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2022 19:01