Црногорскиот кадетски репрезентативец Андреј Добрковиќ (18) е нов член на Вардар 1961, соопшти попладнево македонскиот ракометен првак.
Добрковиќ, кој игра на позиција на среден бек, потпиша двегодишен договор, а во составот на Вардар доаѓа од тимот на словенечки Целје.
Новото засилување на Вардар во моментов се подготвува со репрезентацијата на Црна Гора за настап на кадетското ЕП што од 4 до 14 август ќе се одржи во Подгорица. Потоа ќе му се приклучи на Вардар на подготовките за новата сезона.
Добрковиќ е познато презиме што се поврзува за Вардар, бидејќи неговиот татко Марко Добрковиќ настапуваше една сезона во актуелниот македонски шампион во сезоната 2005/2006.