Узбекистан денеска е вториот противник на македонската кадетска репрезентација, која ќе се обиде да ја забележи втората победа по синоќешниот убедлив триумф од 32:13 над Сенегал на отворањето на Светското првенство за ракометарки до 18 години во Скопје.
Натпреварот, кој е во рамки на групата Б ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот, додека претходно Иран ќе игра против Сенегал.
Настапот во групната фаза избраничките на селекторот Љупчо Савевски ќе го заокружат на 2 август со дуелот против Иран, кој вчера забележа убедлив триумф над Узбекистан со 47:31.