Женската фудбалска репрезентација на Бразил по осми пат ја освоија Копа Америка, откако во финалето на годинешаното издание во Букараманга со минимални 1-0 (1-0) ја совладаа домашната репрезентација на Колумбија.

Единствениот гол во финалето го постигна Дебиња во 39. минута од пенал.

Копа Америка во женска конкуренција се игра од 1991 година, а ова беше деветто издание.

Бразил триумфираше во сите изданија со исклучок на 2006 година, кога во финалето беа поразени од Аргентина.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2022 05:00