Напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, е избран за најдобар играч во Бундеслигата во избор на новинарите за изминатата сезона.

Нкунку во изборот на кој учествуваа 700 спортски новинари освои 134 бодови, шест повеќе од второпласираниот Полјак Роберт Левандовски, кој настапуваше за Баерн Минхен, додека третото место му припадна на голманот на освојувачот на Лига Европа, Кевин Трап, од Ајнтрахт Франкфурт.

– Почестен сум од освојувањето на оваа награда бидејќи е показател за квалитет. Им се заблагодарувам на соиграчите и тренерот, без чија помош немаше да имам толку добра сезона, изјави Нкунку, кој во мај беше избран за најдобар фудбалер во Бундеслигата и во изборот на фудбалерите.

Нкунку изминатата сезона постигна 20 голови, додавајќи и 13 асистенции, и беше меѓу најзаслужните во редовите на Лајпциг за освоеното трето место во Бундеслигата и германскиот Куп.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2022 05:40