Кинеската фудбалска Суперлига нема да се прекинува за време на Светското првенство во Катар, соопштија денеска кинеските фудбалски власти.

Суперлигата е прекината по воведните 10 кола поради настапот на кинеската репрезентација на првенството на Источна Азија во Јапонија.

Првенството продолжува на 5 август, а бидејќи Кина не обезбеди пласман на Мундијалот во Катар, Суперлигата нема да се прекинува за време на завршниот турнир.

Последното коло од актуелната сезона во Кина е закажано за 18 ноември, кога стартува Мундијалот во Катар.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2022 05:40