Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Цеск Фабрегас (35) ќе ја продолжи кариерата во редовите на италијанскиот второлигаш Комо.

Фабрегас на стадионот „Џузепе Синигаља“ пристигна без обесштетување, потпишувајќи двегодишен договор.

Последните три сезони беше член на Монако, а во кариерата настапуваше и за Арсенал, Барселона и Челзи.

Во дресот на шпанската репрезентација Фабрегас одигра 110 натпревари и постигна 15 голови, освојувајќи една светска титула (2010) и две европски (2008, 2012).



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2022 04:49