Со натпреварот меѓу Струга и прилепска Победа в сабота официјално почнува новата сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Раководството на Ренова претходно официјално соопшти дека клубот од Џепчиште нема да биде дел од натпреварувањето поради што сезоната 2022/23 во ПМФЛ ќе се одигра со 11 клубови.

Титулата ја брани Шкупи, додека нови прволигаши се Победа и Силекс.

Новата сезона во Втората фудбалска лига, пак, ќе стартува на 13 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2022 20:49