Португалскиот напаѓач Диого Жота потпиша денеска нов долгорочен договор со Ливерпул, објави англискиот прволигаш не откривајќи за колкав временски период станува збор.

Според британските медиуми, Жота потпишал петгодишно продолжување на договорот, до 2027 година.

Жота минатата сезона му помогна на својот клуб да ги освои ФА купот и Лига купот, додека Ливерпул во Премиерлигата заврши второпласиран, само бод за шампионот Манчестер сити, додека во финалето од Лигата на шампиони претрпе пораз од Реал Мадрид.

Португалецот на „Енфилд Роуд“ дојде од Вулверхемптон во 2020 година и постигна 34 голови н 85 натпревари во дресот на Ливерпул во сите натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2022 04:01