Францускиот фудбалер Пол Погба одлучи да не го оперира коленото и со „конзервативна терапија“ ќе се обиде да биде подготвен за настап со Триколорите на Светското првенство во Катар кон крајот на оваа година, пренесуваат денеска италијанските и француските медиуми.

Играчот за врска на Јувентус го повреди менискусот на еден од првите тренинзи со новиот клуб кон крајот на минатиот месец за време на претсезонската турнеја на Јувентус во САД.

Весникот „Тутоспорт“ наведува дека конзервативната терапија ќе трае околу пет недели и ако сè се одвива според планот Погба навреме ќе се врати на теренот за подготовките на француската репрезентација за Мундијалот во Катар.

Доколку одлучеше да го оперира коленото Погба со сигурност ќе го пропуштеше Мундијалот од 21 ноември до 18 декември во Катар.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2022 13:08