Новиот член на Премиер лигата, Фулам, го ангажираше германскиот репрезентативен голман Бернд Лено (30), потпишувајќи со него тригодишен договор.

Лено доаѓа во лондонски Фулам од градскиот ривал Арсенал.

Според британските медиуми, вредноста на договорот се проценува на осум милиони фунти.

Лено во Арсенал мина четири години, но изминатата сезона запиша само четири настапи во првенството бидејќи од првиот тим го истисна Арон Рамсдејл, по што искусниот германски голман одлучи да ја смени клупската средина.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 03:15