По синоќешното реми против Шведска (20-20) со кое македонската женска кадетска ракометна репрезентација е чекор поблиску до пласман во четвртфиналето денеска за избраничките на селекторот Љупчо Савевски е ден за одмор на Светското првенство во Скопје.

Во вториот натпревар во рамки на групата А, Исланд беше убедлив во дуелот со Иран (28-17) и води на табела со четири бодови, пред Македонија со три, додека Шведска е третопласирана со едем бод, а Иран е последен без бодови.

Македонските ракометарки клучниот натпревар за пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на мундијалот во Скопје ќе го играат в петок против Исланд со почеток во 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 09:37