Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, ги критикуваше играчите, меѓу кои и Кристијано Роналдо, бидејќи предвреме заминаа од пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано.

Роналдо настапи само во првото полувреме и тоа за него беше прв натпревар во подготовките за новата сезона.

Меѓутоа, 37-годиниот португалски напаѓач не остана до крајот на натпреварот на Олд Трафорд, туку беше снимен како предвреме заминува во друштво на неколку соиграчи кои не конкурираа за натпреварот.

– Ние сме екипа и тоа значи да останете до крај. Тоа е неприфатливо за сите кои беа инволвирани, изјави холандскиот стратег на клупата на Манчестер јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2022 12:13