Англискиот фудбалски прволигаш Челзи потпиша денеска шестгодишен договор со талентираниот Карни Чуквуемека, кој доаѓа од Астон Вила, објавија попладнево двете страни.

Финансиските детали од договорот не се објавени, а британските медиуми наведуваат дека трансферот е вреден 20 милиони евра.

– Многу сум возбуден и едвај чекам да излезам на теренот, да ги запознаам соиграчите и да се обидам да освојувам трофеи со Челзи, изјави 18-годишениот Чуквуемека, кој е четврто засилување на Челзи ова лето.

Чуквуемека минатиот месец го освои Европското првенство до 19 години со репрезентацијата на Англија.

Новата сезона во Премиер лигата стартува овој викенд, а Челзи во премиерното коло игра против Евертон.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2022 09:12