Европската унија и додели на Србија грантови од 223,615 милиони евра за инвестирање во седум проекти, од кои три се во транспортниот сектор, два во енергетскиот сектор и по еден проект во дигиталниот сектор и социјалната инфраструктура.

Ова е денешната ударна вест на балканските медиуми, додека Македонската „проевропска“ власт ја претвора земјата во слепо црево на Балканот, коментира Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на социјалните мрежи.

- Уште еден ЕВРОПСКИ ПОРАЗ! Македонија СЛЕПО ЦРЕВО на Балканот

Владата СДСМ/ДУИ потпишува и прифаќа штетни договори, а не прави ништо за економскиот развој и развојот на инфраструктурата 🏗️. Ако имаа добри контакти во Брисел ќе знаеа дека следниот голем инфраструктурен проект на ЕУ е брза пруга 🛤️ од пристаништата во Атина (Пиреа) и Солун до централна Европа, со цел скратување на времето за транспорт на луѓе и стоки во двата правци. Паметна Влада оди во Брисел и зема грант за брза пруга 🚆 од Табановце преку Скопје до Солун. Мрзелива и неспособна Влада тоа го игнорира.

📌 Денес Србија на која сеуште и се потсмеваат дека е анти Европска добива 137 милиони евра грант за брза пруга 🚝 Ниш - Димитровград - граница со Бугарија што е прв чекор кон заобиколување на Македонија од проектот за брза пруга Атина - Солун - Будимпешта - Виена, што ако се реализира е чекор кон претварање на Македонија во слепо црево на Балканот и губење на стратешката позиција на Македонија што е прв чекор кон ПОДЕЛБА и ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Звучи апокалиптично, ама државите опстојуваат само ако има геостратешки интерес околу нив.

Интерес на Бугарија е Македонија да е слепо црево и стратешки небитна, кој е интересот на СДСМ/ДУИ ❓, прашува Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2022 16:50