Општина Прешево прогласи вонредна состојба на територија на селата Рајинци, Црнотинце, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна во попладневните часови. Горат 50 хектари борова шума.

Како што јави РТС Врање, гори борова шума кај селото Црнотинце и сува трева на потегот меѓу селата Рајинце и Црнотинце.

Координативното тело за општините Прешево, Бујановац и Медвеѓа информира дека пожарот е во непосредна близина на автопатот меѓу стариот пат Бујановац – Прешево и дека се уште гори во близина на населените куќи.

Пожарникарите од Прешево се на терен, но се чека хеликоптер да интервенира од воздух.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2022 02:58