Казнети се 125 пијани возачи во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија.

Од нив, информираат од МВР, 19 се на територија на СВР Битола, 18 на територија на СВР Штип.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2022 10:15