Познати се деталите од разговорите на Манчестер јунајтед за трансферот на напаѓачот на Болоња, Марко Арнаутовиќ.

Според новинарот Фабрицио Романо, италијанскиот клуб сакал да добие од 13 до 14 милиони евра за 33-годишниот Австриец.

Манчестер јунајтед сериозно размислуваше за опцијата за купување на напаѓач, но подоцна се откажа од оваа идеја поради незадоволството на навивачите. Премиерлигашот нема да го купи Арнаутовиќ, клубот не планира да се врати на преговори.

Минатата сезона Арнаутовиќ на 34 натпревари за Болоња постигна 15 голови и оствари една асистенција.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на н апаѓачот на шест милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2022 09:25