ОХО ПРОДУКЦИЈА го најавува првиот EGNATIA ESCAPE FESTIVAL 2022 кој ќе се случува од 12 до 14 август под пелистерските села.

Програмата започнува на 12 август (петок), во 21 часот, во дворот на основното училиште „Трифун Пановски“ во село Трново, со настап на македонскиот џез-квартет „Летечки Пекинезери“, најголемото освежување на македонската музичка сцена, Дина Јашари и другарите и уникатноста на ритамот низ диџејството на Berryqyat.

На 13 август (сабота) ќе се расонуваме од 11 часот во Вила Дихово, во село Дихово, со влез во „Магичниот свет на печурките“, работилница за берење и приготвување на печурки во соработка со Фунги Игнатиа. Во 21 часот во паркот на село Дихово настапуваат „Исмаил Лумановски & Љубојна ft. Панајотис Андреу“, кои најавтентично го пренесуваат пулсот на музичкиот бит. Програмата ќе ја заврши грамофонџијата, Dj, музички продуцент и писател од Битола, кој слави триесетгодишен јубилеј - B.Boy.

На 14 август (недела), од 12 часот, во етно-објектот „Де Ниро“ во село Цапари ќе се одржи работилница за приготвување и печење леб, додека целосното тридневно

EGNATIA ESCAPE FESTIVAL искуство ќе го заокружиме од 20 часот со музиката која ја нуди единствениот „Пијан Славеј“ и ритамот на Bad Juju.

Билетите се пуштени во претпродажба во кафулињата „Порта Џез“ и „Јагода“, хотел- ресторан „Шумски Фенери“ и хотел „Шатор“ во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/08/2022 06:09