Полициски службеници од ОВР Кавадарци, вчера го лишиле од слобода Д.Т.(35) од Кавадарци. Тој на локалниот пат Дреново – Кавадарци со своето патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки, му го попречил патот на Л.М.(22) од Кавадарци кој се движел со патничко возило „голф“, со кавадаречки регистарски ознаки и физички го нападнал, информираа денеска од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека Д.Т. бил приведен во Полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следела соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2022 10:10