Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан што не ја усогласила одлуката на Советот на ЕУ за спроведување на посебни мерки во борбата против тероризмот, јави БЕТА.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел објави дека на 18 јули 2022 година Советот на ЕУ ја усвоил Одлуката 2022/1241, со која се укинува претходната одлука на Советот и се ажурира списокот на лица, групи и субјекти на кои се применуваат посебни мерки во борбата против тероризмот.

Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на Западен Балкан која не ги почитуваше четирите одлуки за рестриктивни мерки донесени од Советот на ЕУ во јули поради Украина, како и со одлуката на Советот на ЕУ за рестриктивни мерки против Иран донесена во јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2022 11:15