Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов и заменик на градоначалникот на Општина Кресна, Бугарија, Петар Петров, потпишаа договор за партнерство за аплицирање на два прекугранични проекти.

-Двете општини ќе имплементираат два проекти за подобрување на урбаната и зелената инфраструктура и развојот на културен и еколошки туризам, информираше градоначалникот на Василево.

Проектите се од ИНЕТРРЕГ ИПП програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија за периодот од 2021-2027 година.

Оваа програма е финансирана од ЕУ со средства според Инструментот за претпристапна помош.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2022 14:24