Поради дефект на улица „Нов Живот“, број 9 , населба „Шуто Оризари“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица, како и од улиците: „Сељачка Планина“, „Јури Розентал“, „Ѓорѓи Пенко“ и дел од корисниците од улица „Гвадалахара“.

Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 9:00 часот до завршување на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2022 14:27