Поставени се нови корпи за отпадоци по должината на кејот на реката Луда Мара, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа.

-Грижата за поставување на урбана опрема е континуирана. Од вкупно 84, денеска беа поставени 34 нови корпи за отпадоци, а другите ќе бидат искористени за детските игралишта што ќе бидат изградени во претстојниот период. Изведувач на работите е ЛАПЛАСТ-М ДООЕЛ од Скопје. Сево ова со цел поубаво Кавадарци, за сите нас, појаснија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму информираа дека во тек е и поплочување на улицата „Пешо Самарџиев“, крак од улицата „Црноречка“, откако претходно беше поставена фекална канализација од страна на вработени во Јавното претпријатие „Комуналец”. Изведувач на работите е Градба промет.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2022 15:58