Завршува осветлувањето на пешачката и велосипедска патека покрај реката Брегалница во Штип. Се осветлува потегот меѓу населбите 8 Номеври и Балканска. Директорот на ЈП „Стипион“, Игор Ефтимов вели дека истовремено, се работи и на поставување нови тротоарни површини, работа на потпрони ѕидови.

– По завршувањето на тоа ќе се фокусираме и на други делови, во исто време го правиме потпорниот ѕид на булеварот „Партизанска“ до гаражата која е на јавното претпријатие „Стипион“, се санираше тротоарот позади гимназијата „Славчо Стојменски“, но продолжуваме и со изведба на нов тротоар на улицата „Борко Талев“, рече Ефтимов.

Во меѓувреме продолжува веќе вовоедената пракса во Штип секоја среда средба со граѓаните, со цел да се знаат проблемите и да може навремено да се реагира. Ефтимов истакна дека ако на почетокот најголем проблем било јавното осветлување, сега тоа се решава, а штипјани реагираат за дупките и потпроните ѕидови.

-Бидејќи јавното осветлување во Штип граѓаните знаат дека е преземено од јавно приватно партнерство од економски оператор, иако пристигнуваат проблеми поврзани со јавното осветлување, истите многу брзо се решаваат. Некој од почетните проблеми со кои се соочуваме е санација на тротоари, потпрорни ѕидови, ударни дупки, рече Ефтимов.

Граѓаните за дневните активности на претпријатието може да се известуваат и преку самата веб страна.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2022 04:54