Дефанзивецот Матијс де Лихт проговори за разликата помеѓу играњето за Баерн и Јувентус.

– Во Баерн тоа е физички интензивна игра поради притисокот. Играта во Италија е повеќе како игра шах, повеќе тактичка. Мило ми е што можев да играм на овој начин бидејќи научив многу од тоа.

Сакам да ја вратам мојата игра, која ја покажав кога играв за Ајакс, изјави Де Лихт за „Де Телеграф“.

Минатата сезона, 22-годишниот дефанзивец постигна три гола и една асистенција на 42 настапи за Јувентус во сите натпреварувања.

Холанѓанецот ова лето стана играч на Баерн



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2022 04:55