Поради реконструкција на булеварот „Гоце Делчев”, кој е влез и излез на градот Штип, од денеска ќе има изменет сообраќаен режим.

Општина Штип соопшти дека од денеска па до завршување на градежните активности, булеварот „Гоце Делчев” ќе биде затворен за сообраќај на потегот од кружниот тек кај Хамачи, се до кружниот тек кај бензинската пумпа Лукоил при излез од Штип.

-Сообраќајот ќе биде регулиран, така што булеварот „Гоце Делчев“ за влез во Штип ќе биде двонасочен, стои во соопштението на Општина Штип.

Инаку, денеска увид во градежните работи изврши и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2022 06:15