Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио е блиску до преселба во Манчестер јунајтед.

Раководството од „Олд Трафорд“ се договори со 27-годишниот француски репрезентативец, како и за провизијата за неговата мајка, која е агентка на Рабио, пренесува „GIFN“ повикувајќи се на новинарот Саша Таволиери.

Претходно се дозна дека Манчестер јунајтед се договори со Јуве за трансфер на играчот од средниот ред за 15+5 милиони фунти.

Се очекува дека сега англискиот клуб нема да го купи играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг, туку играчот од средниот ред на ПСЖ, Леандро Паредес.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2022 09:44