Како син на еден од „Битлс“, на Џулијан Ленон можеби му било предодредено да се занимава со музика, почнувајќи ја својата кариера уште во 1984 година со „Valotte“. Тој хит-албум донесе два топ 10 сингла и стана платинест во САД. Сепак, со годинашниот „Jude“ – неговиот прв албум по пауза од 2011 година – кариерата на веќе 59-годишниот кантавтор доаѓа во полн круг, велат познавачите.
– За мене, „Jude“ е полнолетство од многу гледишта, бидејќи тоа е одговор на некои од речениците и стиховите во „Hey, Jude“, изјави Џулијан, имајќи го предвид евергринот отпеан од неговиот татко, Џон Ленон.
Музичарот за „Јаху ентертејнмент“ вели оти се чувствува како да има „посебна титула“ и вистинската работа…
– Тоа беше поинаква работа – да се биде „Џулијан“, да се биде „Џулс“, да се биде „Џуд“. Тоа сум јас, нагласи тој.
Насловот на албумот очигледно упатува на „епската“ балада на „Битлс“ од 1968 година, песна којашто Пол Мекартни ја напиша за да го утеши Џулијан кога Џон се раздели мајката на момчето – Синтија, за да се венча со Јоко Оно. Џулијан тогаш имал пет години.
Џулијан сега вели дека веќе му простил на својот некогаш отуѓен татко – кој беше убиен во 1980 година.
– Пред многу години, за стресот што се случи не само кај мене животот, но и животот на мама… Секако се обидовме да се прифатиме меѓусебно и се обидовме повторно да се спознаеме еден со друг, и пред тој да биде убиен, вели Џулијан.