Ѕвездата на филмовите „Флеш“, Езра Милер побарал помош за своето психичко здравје, откако се соочи со едно по друго кривично дело.
За „Варајети“ (Variety), тој првпат проговоре јавно, откако беше уапсен оваа година и неколкупати обвинет за напад и злоупотреба.
– Откако неодамна минав некое време низ интензивна криза, сега разбирам дека страдам од сложени проблеми со психичкото здравје и почнав да се лекувам. Сакам да им се извинам на сите што сум анксиозен и вознемирен од моето однесување во минатото. Посветен сум да го направам потребниот труд за да се вратам во здрава, безбедна и продуктивна состојба во мојот живот, рече Милер.
Милер се соочи со повеќе обвиненија последниве месеци – прво за непристојно однесување во бар, второто за напад со наводно фрлање стол врз жена и третиот пат – за кривично дело кражба откако наводно украл алкохол од дом во Вермонт. Дополнително, Милер е обвинуван и за сексуално злоставување.
Наводите го доведоа во прашање објавувањето на следниот „Флеш“ – суперхеројски филм во којшто Милер го глуми главниот лик, а кој треба да се појави следната година. Според „Холивуд репортер“, студиото „Ворнер брос“ има три опции: да го објави филмот како што е планирано, но само откако Милер ќе побара помош и ќе го објасни своето однесување, потоа – објавување на филмот со Милер но без негова истакната улога во маркетинг-кампањата и – целосно укинување на филмот.
Со оглед на извинувањето на Милер, се чини дека првата можност е изгледна, па филмот останува да се прикажува од јуни 2023 година.