Триесет крвни единици се собрани на втората летна крводарителска акција во Куманово, соопштија денеска од Црвен крст, општинска организација Куманово.

И оваа акција Црвениот крст ја организира заеднички со Институтот за трансфузиона медицина и се одржа во објектот на поранешен „Хотел Солун“.

Во Куманово во текот на летото се организираат две летни крводарителски акции во јули и август. На годишно ниво во градот се одржуваат 40 крводарителски акции на кои, според податоците од општинската организација на Црвениот крст Куманово, лани биле собрани околу 2.300 крвни единици.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 13:25