Растот на производствените цени во Германија достигна ново највисоко ниво во јули откако заводот за статистика почна да објавува податоци пред повеќе од 70 години, поттикнат пред се од континуираното силно зголемување на цените на енергенсите.

Производните цени се зголемија за 37,2 отсто во јули во споредба со истиот месец минатата година, по скокот од 32,7 отсто во јуни, соопшти Дестатис.

Стапката на раст е највисока од 1949 година, кога почнаа да се објавуваат податоците.

И во јули мотор на растот на производните цени беше енергетскиот сектор, чии цени се удвоија поради скокот на цените на природниот гас и електричната енергија.

Кога ќе се исклучат енергенсите, производствените цени се повисоки за 14,6 отсто.

Двоцифрена стапка на раст е забележана во секторот интермедијарни производи од 19,1 отсто, нетрајни производи за широка потрошувачка од 16,2 отсто и секторот производи за широка потрошувачка од 10,9 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 13:33