Се санира улицата „Иван Хаџи Николов“ во Драчево

На оваа клучна сообраќајница во населбата Драчево, лоцирана непосредно до Паркот на бранителите, до повеќе комерцијални и деловни објекти која воедно е и адреса на голем број граѓани, децении наназад не е извршен никаков реконструктивен зафат.

Со денешното асфалтирање, општина Кисела Вода освен што го подобрува естетскиот изглед на населбата, врши директно унапредување на условите под кои се одвива патниот сообраќај. Уништениот асфалт, дупките и нерамнините директно ја загрозоваа безбедноста на возачите и другите учесници во сообраќајот.

„Иван Хаџи Николов”, е уште една од големиот број на улици во општина Кисела Вода, опфатени со вакви и слични градежни зафати.

Во Драчево во изминатите неколку седмици се работеше на санација и на други 13 улици.

Претходно, целосно се санира „Румена Хаџипанзова”, „Јанко Мишиќ” и „Речиште”. Паралелно течат градежните активности за целосна реконструкција на улицата Живко Фирфов, за проширување на булеварот Борис Трајковски, а следната седмица отпочнува и проектот за целосна реконструкција на „Славка Динкова”.

Патната мрежа се подобрува рамномерно низ сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, со што приоритетни се најфревентните и оние улици каде декади наназад не е извршена никаква инвестициска и градежна активност.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 15:25