Албанската полиција открила и запленила голем арсенал оружје во населбата Иршек во Тирана, соопшти полицијата.

Се додава дека специјалисти од Одделот за истраги на криминал при полициска станица бр. 6, по сознанија добиени по оперативен пат, во магацин, граѓанин чувал огнено оружје од разни видови, ја организираше и успешно ја финализира полициска акција „Арсенал“.

-При контролата извршена во гаражата сопственост на Кујтим Чауши (62) полициските служби пронајдоа и како материјални докази одзедоа автоматска пушка, снајпер со двоглед, два митралеза, два придушувачи, две светлосни противтенковски гранати, 9 гранати од различен тип, како и значителна количина воена муниција. Уапсен е Кујтим Чауши а по неговиот син Ерлинд Џауши(35), се трага. Се работи на идентификување и на други лица инволвирани во оваа криминална активност, стои во полициското соопштение.

Запленети се и три возила од кои едното блиндирано, исто толку мотоцикли без регистарски таблички, еден пловен објект, 4 албански и странски регистарски таблички за возила, две полициски униформи и една перика.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2022 16:03