Екипите на Еурофарм Пелистер и Целје ќе играат во финалето на јубилејното 50. издание на Струшкиот ракометен турнир, откако синоќа битолчани со пресврт го совладаа составот на АЕК од Атина со 27:26 (12:16).

Покрај слабиот старт на пелистерци и заостатокот на полувреме од четири гола, собраа сили во вториот дел да го совладаат грчкиот вицешампион АЕК и ќе се борат за 13-ти трофеј на турнирот.

Претходно екипата на Татран Прешов ја оствари втората победа, откако во последниот натпревар од групата А убедливо триумфираше против домаќинот Струга со 36:21 (21:14). Во вечерното мало финале во борба за третото место ќе се сретнат со македонскиот шампион Вардар

Интересен натпревар одиграа ракометарите на Алкалоид и Бутел, кој заврши нерешено, 26:26 (13:14). Со овој бод дебитантот Алкалоид ќе игра за петтото место против АЕК, додека Бутел Скопје ќе игра за седмото место против домаќинот Струга.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2022 09:39