Деми Ловато го прослави својот 30. роденден во саботата, па по тој повод ја откри својата нова љубов – музичарот Џутс (Jute$, вистинско име: Џордан Лутс).
Џутс е канадски изведувач кој соработуваше со Ловато на песна на нејзиниот нов албум. Во негова објава на Инстаграм, тој објави дека „буквално пука од радост“ поради врската со Ловато. – „Среќен роденден, душо. Ти си 30-годишна ‘минкс’, а јас сум најсреќниот „смотко“ на светот затоа што можам да те наречам – моја. Да те засмевам стана моја нова опсесија, зашто насмевката буквално ми ја лечи депресијата (има песна и лирика тука некаде). Толку сум горд на тебе џашто не само зашто преживеа сè низ што помина, туку и исплива на врвот и стана најздравото најсреќно, најслаткото ‘јас’,“ напиша тој покрај мини-збирката фотографии од нив двајцата.
Ловато одговори на објавата нарекувајќи го „најпрекрасното момче на светот“.
„Толку сум благодарна што можам да те наречам мој, затоа што никогаш во животот не сум се смеела вака… Никогаш не сум се насмеала олку многу и моето срце е постојано толку полно со љубов со тебе“, напиша поп-пејачката.
Во 2020 година, Ловато беше накратко свршена со глумецот Макс Ерих.