Во драматичен ракометен натпревар и по изведување на пенали ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го совладаа Мешков Брест со 27:26.

Во регуларниот тек, натпреварот одигран во Битола заврши нерешено 23:23.

Во фер и коректен натпревар битолчани заслужено патуваат во Задар на завршниот турнир од ракометната СЕХА лига, каде силите ќе ги одмерат со Веспрем од Унгарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2022 05:15