Пионерскиот тим на Алкалоид освои злато меѓународниот ракометен турнир што се одржа во Нант, Франција.

Алкалоид денеска во полуфиналето го совладаа шпанскиот тим Понтеведра (23-20), а во финалето кое имаше драматичен финиш беа подобри од уште една шпанска екипа, Хихон 27:26.

Алкалоид на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите средби.

Финале денес играше и сениорската екипа на Алкалоид. „Фармацевтите“ загубија од Партизан и го освоија второто место на турнирот во „Трофеј Нови Београд“ на кој учествуваа и Динамо Панчево и израелски Ашдод.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2022 09:52