Загребската полиција денеска околу пладне во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ. Апсењето следело, како што дознава „Јутарњи лист“, откако добиле барање од колегите од Сплит да ја приведат заради кривична истрага.

Според „Јутарњи“, причината е непримерна расправија што се случила во вторникот во сплитскиот дом на мајката на познатата пејачка. Според пријавата на сестрата Маријана, пејачката наводно ја нападнала пред очите на нивната мајка.

Според сестрата на Северина, инцидентот се случил во текот на ноќта, еден час по полноќ, кога се слушнала врева од станот.

Двете наводно почнале да се тепаат и си удирале шлаканици, буквално по целиот стан.

Нејзиниот адвокат Мате Матиќ за го потврди апсењето на пејачката, напоменувајќи дека Северина во меѓувреме е ослободена и дека постапката ќе се одвива по редовен пат бидејќи „нема потреба од сета таа претстава која повлекува други работи, како претреси по дома како да е најголем криминалец“.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2022 05:10