Регионалната ракометна СЕХА лига донесе кадровски измени на редовното Генерално собрание во Задар на кое за нов претседател е избран Божидар Ѓурковиќ на местото на првиот човек на Вардар 1961 Михајло Маневски, кој останува почесен претседател.
За потпретседатели на СЕХА лигата се избрани Томислав Граховац, Борис Сапожников и Золтан Шик, додека претседателот на Еурофарм Пелистер, Зоран Штерјев, е избран за нов член на Извршниот комитет.
Комесар за натпревари останува Марјан Начевски.
Генералното собрание се одржа на маргините на фајналфор турнирот во Задар пред утрешната завршницата на сезоната во која за титулата ќе се борат Веспрем и ППД Загреб, додека во натпреварот за третото место ќе играат Еурофарм Пелистер и Нексе.