Германските власти уапсија 28-годишен млад човек кој преку интернет-подземјето се обидел да изнајми платен убиец заради убиство на партнерката на жената во која бил вљубен.
Осомничениот, наводно, платил илјадниции евра за најмување платен убиец од лажна интернет-страница. Момчето било уапсено во април, а Обвинителството во Берлин сега објави дека тој е обвинет за обид за поттикнување на убиство.
Според обвинителите, осомничениот признал дека убиството требало да изгледа како несреќа – како сообраќајка или грабеж. Тој првично понудил 9.000 евра, но во биткоин. Тој рекол и дека потоа му било кажано да плати повеќе пари за вториот убиец, бидејќи, како што му рекле – првиот бил уапсен. Младиот човек се согласил и платил вкупно 24.000 евра во биткоин.
Убиствата не се случиле, бидејќи страницата за платени убиства е неверодостојна. Така, подоцна младиот човек дознал дека се работи за измама и дека парите нема да му бидат вратени.
Администраторот на „подземната“ страница дури и му кажал на осомничениот дека може да се претставува и тој како платен убиец и да измами други потенцијални „корисници“, велат обвинителите