По спроведеното истражување од страна на директорот на Твитер, Џек Џорси во врска со евентуални промени на оваа друштвена мрежа, корисниците се изјасниле со различни желби почнувајќи од “елиминирање на нацистите на твитер“ па се до “укинување на верификацијата“. Сепак, најголем број од испитаниците се изјасниле дека би сакале да можат да ги едитираат своите твитови. Директорот Џорси, потврди дека сака да им го овозможи тоа на своите корисници, но дека тоа не е така едноставно.

“Драго ми е што голем број од твитерџиите имаат исти став во однос на евентуални промени на оваа мрежа. Сепак, оваа желба нема да биде едноставно да се исполни“ – истакнал Џек Џорси.

На прашањето зошто за твитер претставува проблем да ја овозможат оваа опција, Џорси одговорил дека менувањето на твитовите се чини како да е едноставен чекор но бара големо внимание. Што доколку се случи ако некој после неколку месеци го едитира својот твит а некој од неговите следачи го ретвитнал. Тоа би изгледало како ретвитање на нешто сосема друго од првичното споделување. Ова е само еден од очигледните примери зошто не е лесно да се реши проблемот. Сепак, Директорот на твитер нагласил дека компанијата ќе направи опсежна анализа како да им излезе во пресрет на своите корисници.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2017 13:35