“Rube's Lab” – За Aндроид

За време на долгите патувања, интересна апликација за одмарање на Вашиот мозок. Иако во принцип за тренинг на Вашите нерви најчесто се користи судоку или крстозбор, оваа апликација може да ве натера да станете зависни од неа. Доколку не верувате, симнете ја денеска, бесплатно. Станува збор за игра во која се бара логика и детално размислување. Исто така оваа игра бара од вас да знаете добро да предвидувате. Се што треба да направите е да ја заштите лабараторијата од докторот – Зло Играта има одлична позадинска музика, добра графика како и голем број на нивоа. Оваа апликација чини 2.64 фунти, а денес можете да ја превземете бесплатно.

Alien Cell: Escape – за ИОС

Постојат многу работи од кои би сакале да избегате во реалноста, но едноставно неможете да го сторите тоа. ИОС на своите корисници денес им препорачува игра во која треба да вложите интелектуален напор за да можете да избегате од непријателите.

Станува збор за апликација во која предизвикот е да ги најдете клучевите за да може да ги отворите вратите и на тој начин да излезете на слобода.

Доколку мислите дека можете да го постигнете тоа, симнете ја оваа апликација денес бесплатно.

Апликација на денот – 03.01


Автор: Администратор
Објавено на: 03/01/2017 15:36