Убавото време за празнициве ги измами туристите да уживаат во бродските тури низ езерово. Охридските бродари задоволни од интересот кој и домашните и странските туристи го пројавија за уживање во секогаш атрактивните тури.

„Во принцип времето помогна, времето беше убаво интерес имаше направивме неколку релации со бродовите и за Св. Наум и тука едночасовни крстарења, беше убаво задоволително.Бродовите се затоплени така да и ако е надвор сончево не се осеќа надвор никаков проблем“ вели Зоран Гилески – бродар - „Александрија 1 и 2“.

Веќе неколку години традиционално, по повод верскиот празник Св.Наум Охридски - Чудотворец, бродовите Александрија 1 и 2 пловат до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од само 100 денари.Така ќе биде и годинава објаснува Гилески, сеќавајки се како започнале со оваа сега веќе традиција.

„Има некаде седум осум години имаше голем снег и не замолија од црквата,да ги донесиме верниците од Пештани од Охрид за празникот Св. Наум и тоа стана традиција по симболична цена од 100 денари за повратен билет, картите се пуштени во продажба“ раскажува Зоран Гилески – бродар - „Александрија 1 и 2“.

Бродовите во четврток, за Св. Наум ќе тргнат од Охридското пристаниште вo 8 часот, а во Пештани во 8.30, a на пристаништето кај манастирскиот комплекс Св. Наум бродовите ќе бидат околу 9:15. Билети може да се набават исклучиво на градското пристаниште.

Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.

Извор: Телевизија ТВМ



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2017 01:02