Дина Јашари, со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ 2022, за најдобра песна во регионот.
Наградата ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ“, иманувана во чест на легендарниот белградски и југословенски рок музичар и фронтмен на групата Екатарина Велика.
Одлуката Дина да го понесе ова признание ја донесе регионалното стручно жири, кое оваа година го сочинуваа Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Ќима (Србија).
Овае прв пат наградата да ѝ припадне на уметница надвор од територијата на Србија. Досегашни добитници на наградата востановена во 2019 беа Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А.“, Драм со „Дај ми се“ и Ana & The Changes со песната „Ту“.
Освен Миле Кекин, кој имаше обврски со својот бенд Хладно пиво, комплетното жири присуствуваше на свеченоста, која по повод доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ 2022 ја организираше Фондацијата „Милан Младеновиќ“, симболично, на неговиот роденден, во белградскиот Дорчол Плац, на 21 септември.
Наградата „Милан Младеновиќ“ е основана со цел да ја поттикне музичката креативност, која се карактеризира со вредностите својствени на неговото уметничко наследство. Се доделува за најдобра песна на територијата на поранешна Југославија