СДС антимакедонска предводена од дезертерот Ковачевски денеска се симна на ниво на партија во очај.

Морам да одговорам на обвинувањата лично кон мене искажани денеска од структурата која е предводена од Трајно неспособен Премиер или лажго кој избегал од служење воен рок со потврда дека е Трајно неспособен.

Неколку пати имам кажано дека не сакам да зборувам за себе, но на гнасотилаците од СДС мора да одговорам соодветно.

Одиме со ред.

1. СДСМ: Драган Ковачки, кој беше полковник во Армијата, дезертира за политички да му служи на Христијан Мицкоски.

Еве го одговорот:

Во 2001 година сум вонредно унапреден во чин капетан за заслуги во одбрана на татковината.

Во 2003 година со 30-тина доброволци заминавме како први припадници на АРМ во Ирак.

Оценката за учеството во мисијата во Ирак е 5 - особено се истакнува.

...

Во 2020 учествував на парламентарните избори за избор на пратеници.

Со волја на граѓаните сум избран како пратеник. Тој што е избран на избори има народен легитимитет.

Значи, заминав од АРМ со чин полковник затоа што бев избран за пратеник. Кој дел тука е нејасен?

Инаку, дезертер е лице кое избегало од војска и одбило да и' служи на државата.

Прашајте ги колегите во АРМ нека ви кажат кој сум. Дезертер секако не сум, а за Вашиот премиер веќе видовме со документ - Трајно Неспособен.

2. СДСМ:

Ковачки излегува во јавноста и во име на Мицкоски шири лаги и невистина во обид да направи дефокус.

Еве го одговорот:

Господо комуњари, која лага сум ја ширел?

Тоа дека Вашиот премиер е трајно неспособен или дека лажел дека е трајно неспособен за да избега од војска додека родителите на децата на фронтот не спиеја по цела ноќ чекајќи ги нивните чеда да им ги вратат во црна вреќа?

Што е лагата, дека Ковачевски дезертираше затоа што татко му бил градоначалник на Куманово и му средил да си остане дома за да после 20 години стане премиер на државата?

Бедно.

3. СДСМ: За каков човек станува збор, доволно кажува фактот што Ковачки додека бил дел од Армијата, бил казнет поради закани упатени кон началникот на Генералштабот на Армијата.

„Долга е раката на ВМРО“, се заканувал дезертерот Ковачки, а притоа навредувал и клеветел.

Еве го одговорот:

За тоа дали сум се заканувал веќе има судски процес покренат од мене и истиот е во тек.

Нема да му штетам на судскиот процес како што тоа во моментов го правите вие и дополнително се дозакопувате и потврдувате дека тоа е направено поради политичка насока.

Инаку, јас уште пред 2 години се обврзав дека ќе ја запознаам јавноста со пресудата. И тоа ќе го направам кога ќе заврши процесот.

4. Дали освен закани, навреди и клевети кон претпоставените, Ковачки оддавал и воени и тајни и бил шпион против државата, тоа треба да го одговори самиот Ковачки.

Ете со какви луѓе е опкружен Мицкоски, со дезертери, со лица што се закануваат и шират невистини“.

Еве ви го одговорот:

Вие сте лудаци.

Како може мене да ме наречете шпион?

Додека сум ви обезбедувал мир и сум се борел за државата вие правевте шеми за крадење и се криевте на Халкидики.

Цел живот сум го посветил на Македонија, сум ја запоставил фамилијата за да ја бранам од такви како вас, предавници и одработувачи на туѓи агенди.

Најголемите шпиони се во Владата и во вашата распадната партија.

Ако сакате може и со имиња да ви ги кажам, бандо црвена.

Можете да напишете какви лаги ви дојдат на памет за мене и за тоа веќе ви најавив тужба, но со ништо нема да го смените ФАКТОТ дека за премиер и претседател на вашата партија имате ТРАЈНО НЕСПОСОБНО лице на кое треба да му се утврди деловната способност.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2022 02:44