Организацијата на Договорот за заедничка безбедност (ОДКБ) предводена од Русија од 26 овој месец до 8 октомври во Казахстан ќе одржи воени маневри, соопшти денеска казахстанското Министерство за одбрана известувајќи ја јавноста за присуство странски војници и воени возила во земјата.

Казахстан е членка на Организацијата во која покрај Русија и Белорусија уште се вклучени Ерменија, Киргистан и Таџикистан.

Вежбите ќе се одржуваат во сложени околности, од Руската интервенција во Украина, Ерменија која е незадоволна од поддршката во конфликтот со Азербејџан и кревкото примирје меѓу Киргистан и Таџикистан по неодамнешните крвави погранични судири.

Казахстан од ОДКБ во јануари побара заштита по насилните протести што избувнаа низ целата земја. Но, Казахстан под раководство на претседателот Касим Зомарт Токаев покажува растечко отстапување од традиционалното сојузништво со Русија, за што беше санкциониран од Москва.

Пред три месеци Токаев на панел со рускиот претседател Владимир Путин рече дека Казахстан нема да ги признае руските „квази-држави“ Луганск и Доњецк.

Неодамна кинескиот лидер Си Џинпинг изјави дека Кина ќе направи се за да ги заштити независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Казахстан.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2022 03:57