На 21.09.2022, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода С.Е.(19) и С.М.(18), двајцата од Штип. Тие се сомничат дека во периодот од 02.00 до 03.00 часот физички го нападнале О.Ј.(21) од Штип во неговиот дом и одзеле накит и други предмети. Исто така, тие се сомничат дека на 21.09.2022 од домот на М.М.(36) од Штип одзеле личен предмет. Од нив биле одземени предмети кои потекнуваат од ова и други кривични дела и биле вратени на сопствениците.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив е поднесена кривична пријава и тие се изведени пред судија на претходна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2022 04:15