Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има добиено тринаесет претставки од страна на бугарски здруженија и граѓани. Игор Јадровски од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација вели дека најчесто се однесуваат на говор на омраза по социјалните мрежи, а имале и една претставка за дискриминација на работа и работни односи.

-Заклучно со јуни, мислам дека имаме добиено 13 претставки што се однесуваат на дискриминација врз лица од бугарска етничка припадност. Морам да кажам дека во два случаи имаат утврдено вознемирување, во еден немаме, осум претставки се во тек и имаме претставки коишто се отфрлени заради неуредност.

Законот кажува кои се основните работи, коишто треба да ги содржи една претставка за да може Комисијата да постапува и ако не ги содржи тие елементи Комисијата ја враќа на доуредување, но ако подносителот не ја доуреди ние ја отфрламе, вели Јадровски.

Тој посочи дека овие претставки ги третираат како и сите останати кои пристигнуваат до Комисијата, а најголемиот дел од претставките генерално се од областа на работни односи, потоа за пристап до добра и услуги, како и пристап до здравствени и социјалниуслуги.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2022 04:16